ШАРЛ ДЕ ГОЛ ТРГНА КОН ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ – Франција подготвува голема воена мисија
Макрон и Стармер подготвуваат мултинационална одбранбена мисија за повторно воспоставување на безбедната пловидба.

Францускиот носач на авиони со нуклеарен погон „Шарл де Гол“ се движи кон Ормускиот теснец, како дел од подготовките за можна одбранбена мисија чија цел е повторно воспоставување на безбедната пловидба во регионот. Француското Министерство за вооружени сили соопшти дека бродот веќе поминал низ Суецкиот канал и влегол во Црвеното Море.
Хормускиот теснец во моментов е под сериозен безбедносен ризик поради воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран, што дополнително ја зголеми загриженоста за глобалната трговија и енергетските пазари.
Идејата за формирање мултинационална мисија ја предводат францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер. Според нив, операцијата би имала исклучиво одбранбен карактер и би започнала по завршувањето на актуелните судири, со главна задача да ја обезбеди слободата на пловидба низ теснецот.
Пред избувнувањето на конфликтот, Хормускиот теснец важеше за една од најкритичните морски рути во светот, преку која минуваа околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта, што му дава огромно економско и стратешко значење.
