СЕРИЈА МИСТЕРИОЗНИ СМРТНИ СЛУЧАИ – Уште еден висок руски менаџер пронајден мртов

Истовремено, руската економија покажува знаци на „техничка стагнација“, со раст на БДП кој се движи кон нула, што дополнително ги зголемува притисоците врз индустријата и населението.

СЕРИЈА МИСТЕРИОЗНИ СМРТНИ СЛУЧАИ – Уште еден висок руски менаџер пронајден мртов
Фото: Принтскрин

Александар Тјунин (50), генерален директор на подружницата на „Росатом“ – НПК Химпроминженеринг, е пронајден мртов на периферијата на Москва, покрај својот автомобил, со ловна пушка и рачно напишана белешка.

Според „Москва Тајмс“, во писмото Тјунин навел дека по пет години борба со депресија решил да си го одземе животот. Руската новинска агенција ТАСС веднаш го означи случајот како самоубиство.

Тјунин беше на чело на „Химпроминженеринг“ од 2016 година, а подоцна компанијата беше споена со „Уматекс“, филијала на „Росатом“ која минатата година се најде под американски санкции.

Смртта на Тјунин е 20-та по ред мистериозна смрт на висок руски функционер или бизнисмен од почетокот на војната во Украина. Меѓу најшокантните случаи се обезглавеното тело на Алексеј Синицин, менаџер во рударската индустрија, пронајдено овој месец во Калининград, како и ненадејните смртни случаи на Дмитриј Осипов („Уралкали“) и Михаил Кенин („Самолет“).

Истовремено, руската економија покажува знаци на „техничка стагнација“, со раст на БДП кој се движи кон нула, што дополнително ги зголемува притисоците врз индустријата и населението.

CATEGORIES
TAGS
Share This