СЕДУМ КАНДИДАТИ, НО САМО ЕДЕН ПОБЕДНИК НА КОНКУРСОТ – Еве кој ќе води МРТ следните 3 години

Програмскиот совет со убедлива одлука го избра Ристовски за нов генерален директор на МРТ.

СЕДУМ КАНДИДАТИ, НО САМО ЕДЕН ПОБЕДНИК НА КОНКУРСОТ – Еве кој ќе води МРТ следните 3 години
Фото: Принтскрин

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија денеска го избра Зоран Ристовски – Ѓуза за нов генерален директор на јавниот сервис, со мандат од три години.

За неговиот избор гласаа 12 од 13 членови на Советот, додека еден беше против. Ристовски доаѓа на местото на Марјан Цветковски, кој ја извршуваше функцијата речиси 14 години, откако беше избран во 2012 година.

На конкурсот учествувале вкупно седум кандидати, меѓу кои Тони Гламчевски, Искра Ребац, Перо Попов, Зоран Богатинов, Сотир Сотировски и Игор Себишки.

За утре е најавен избор на заменик-директор на МРТ, позиција која традиционално му припаѓа на претставник од албанската етничка заедница. Пријавени се 12 кандидати.

Мандатот е три години со можност за реизбор, а од кандидатите на конкурсто се бараше високо образование, најмалку осум години работно искуство и најмалку четири години раководно искуство, како и трогодишна програма за работа.

КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА – МРТ бара нов директор

CATEGORIES
TAGS
Share This