СЕ ВОЗИ БЕЗ ПРОБЛЕМИ, НО ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ДЕЛНИЦИ – АМСМ предупредува на одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а на граничните премини нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.
Од 15 ноември 2026 година стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година. Повеќе информации за задолжителната зимска опрема може да прочитате ТУКА.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони.
Посебна внимателност се препорачува на следните делници: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

