ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА НИЗ МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува промена на времето, еве кога ќе врне
Променливо облачно време со сончеви периоди и температури од 4 до 16 степени.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди и утринска магла во одделни котлини. Температурите ќе се движат од 4 до 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, најпрво во западните делови од земјава, а попладне и кон крајот на денот и во останатите подрачја, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
CATEGORIES Македонија

