СЕ МЕНУВА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК – Работната група најави ново законско решение

Работната група разгледува измени за усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

СЕ МЕНУВА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК – Работната група најави ново законско решение
Фото: Принтскрин

На петтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, одржана денеска, беа разгледани повеќе значајни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, соопшти Министерството за правда.

Членовите на групата го усвоија записникот од претходната седница, како и дел од предложените измени на одредби од Изборниот законик. За одредени прашања беше отворена дополнителна дебата со цел да се обезбеди поширок консензус меѓу политичките партии и другите вклучени страни.

На седницата беше договорено наредниот состанок да продолжи со разгледување на преостанатите отворени теми, како и со анализа на предлозите доставени од парламентарните партии, независните пратеници, институциите и граѓанскиот сектор.

Од Работната група упатија повик до сите учесници навремено да ги достават своите конкретни предлози и забелешки, со цел подготовка на усогласен текст за измените на Изборниот законик.

Работната група продолжува со активности насочени кон унапредување на изборната регулатива и зајакнување на демократските изборни стандарди, а најавено е дека наскоро ќе биде подготвено и законско решение.

CATEGORIES
Share This