СЕ МЕНУВА БЕЗБЕДНОСНАТА КАРТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Иран поканет во пактот од Мека
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го повикуваат Иран во новиот одбранбен сојуз – од Техеран велат дека ова е „победа“ за нивната долгогодишна идеја.

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го поканиле Иран да се приклучи на новоформираниот одбранбен пакт од Мека, објави либанската телевизиска мрежа „Ал-Мајадин“, повикувајќи се на висок ирански функционер.
Мехди Рахими, директор на иранската новинска агенција „Ханех Мелат“, која е поврзана со парламентот, потврдил дека Техеран ја добил поканата и дека предлогот во моментов се разгледува.
Според Рахими, земјите од регионот сè повеќе се насочуваат кон создавање „регионален безбедносен чадор“. Тој оцени дека ваквиот развој претставува своевидна победа за Иран, кој, како што наведе, со години се залага за воспоставување регионален безбедносен механизам.
СЕ СОЗДАВА НОВА ВОЕНА ОСОВИНА Трамп го поздрави договорот меѓу Турција, Пакистан и Саудиска Арабија

