НОРВЕШКА НЕ ЈА ОСТАВА УКРАИНА Става нови 85 милијарди круни на маса

Осло планира и во 2027 година да обезбеди огромна финансиска поддршка за Киев, за воени и цивилни потреби.

НОРВЕШКА НЕ ЈА ОСТАВА УКРАИНА Става нови 85 милијарди круни на маса
Фото: Принтскрин

Норвешка планира и во 2027 година да обезбеди 85 милијарди норвешки круни финансиска поддршка за Украина, што е износ еднаков на помошта одобрена за 2026 година. Според актуелниот курс, сумата изнесува околу 9,2 милијарди долари.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стере изјави дека средствата ќе бидат наменети и за воена и за цивилна поддршка на Украина.

Од вкупниот пакет, 70 милијарди круни ќе бидат издвоени за воена, а 15 милијарди за цивилна помош.

Најавата доаѓа за време на посетата на Стере и лидерите од нордиските и балтичките земји на Киев, како знак на поддршка за Украина во војната со Русија. Стере порача дека поддршката и обновата на Украина не се само помош, туку и инвестиција во безбедноста на Европа.

CATEGORIES
Share This