СДСМ ВО БОЈКОТ – Започнува политичка бура околу Изборниот закон

СДСМ ја напушта работната група за Изборниот закон, но останува во политичката борба.

СДСМ ВО БОЈКОТ – Започнува политичка бура околу Изборниот закон
Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ја напушта само работната група за Изборниот законик, но не и пошироките политички процеси поврзани со изборните реформи. Причината, како што објасни, е предложениот нов Закон за влада, кој според него претставува чекор наназад за демократијата во државата.

Филипче нагласи дека укинувањето на техничката влада не е прифатливо во моменталните услови, бидејќи таа, според него, претставува клучна гаранција за одржување фер и демократски избори. Тој потсети дека ваквото решение било воспоставено со консензус во 2016 година и повторно потврдено во 2018 година, на барање на опозицијата предводена од Христијан Мицкоски.

Според него, техничката влада останува неопходен механизам сè до полноправното членство на државата во Европската Унија.

Тој исто така обвини дека актуелните владини политики потсетуваат на периодот на владеење на Никола Груевски, наведувајќи дека има тенденции на зголемена контрола врз институциите, судството, медиумите и полицијата, како и на политизација на државниот апарат.

Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи да се спротивставува на овие промени и дека ќе ги користи сите демократски механизми во политичката борба против нив.

CATEGORIES
Share This