САД ВО ИГРА – Македонија отвора рудник што може да смени сè

Рудникот кај Крива Паланка станува нова економска и политичка тема во државата.

САД ВО ИГРА – Македонија отвора рудник што може да смени сè
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да се повлече од отворањето рудник за антимон, нагласувајќи дека проектот е важен за иднината на државата и дека противниците „ќе налетаат на тврд орев“.

Според податоците на Државен завод за статистика, индустрискиот промет расте, но производството и рударството бележат пад. Мицкоски смета дека, и покрај тоа, економијата е на „добра патека“ и има повисок раст од ЕУ.

Рудникот за антимон, најавен како дел од стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, треба да се отвори во близина на селото Луке, во кривопаланечкиот регион. Се работи за редок минерал со значајна индустриска вредност, а според најавите, експлоатацијата ќе ја врши компанија поврзана со бизнисменот Ник Јовановски. Рудата ќе се извезува во САД, каде што ќе се преработува во топилница во Оклахома.

CATEGORIES
Share This