РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ПОДГОТВУВААТ Преговори во Истанбул на 15 мај

РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ПОДГОТВУВААТ Преговори во Истанбул на 15 мај

Русија продолжува со подготовките за долгоочекуваните преговори со Украина, кои треба да се одржат на 15 мај во Истанбул. Веста ја потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на денешната прес-конференција, пренесе агенцијата ТАСС.

„Руската страна продолжува да се подготвува за преговорите, кои треба да се одржат во четврток“, изјави Песков, додавајќи дека засега Кремљ нема да дава дополнителни коментари за планираната средба.

Иницијативата за нов круг директни разговори доаѓа од рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи продолжување на дијалогот без предуслови, по пауза од 2022 година. Украина, пак, го прифати повикот за учество, но украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот инсистира на директна средба со Путин.

Оваа средба во Турција се смета за потенцијален пресврт во руско-украинските односи и прва можност по подолго време за обнова на дипломатскиот дијалог помеѓу двете земји. Сите погледи се насочени кон Истанбул и исходот од овие преговори, кои може да имаат значајно влијание врз иднината на конфликтот.

CATEGORIES
Share This