РУБИО ЈАСЕН Членството на Украина во НАТО не е на дневен ред
Американскиот државен секретар порача дека Вашингтон во моментов не може да каже дали Украина треба да стане полноправна членка на Алијансата.

Фото: Принтскрин
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека членството на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, соопшти Стејт департментот.
За време на брифингот за медиумите во Исланд, Рубио беше прашан дали смета дека Украина треба да стане членка на НАТО и каков е неговиот став за нејзиното членство.
„Соединетите Американски Држави не можат недвосмислено во моментов да кажат дали Украина треба да стане полноправна членка на НАТО“, одговори Рубио.
Тој дополнително нагласи дека прашањето за членството на Украина во Алијансата во моментов не е на дневен ред.
CATEGORIES Свет

