(ВИДЕО) РОНАЛДО ЗБОРУВАШЕ САМ СО СЕБЕ ПОСЛЕ ПОРАЗОТ Но, стручњаците велат дека е опасно ако човек почне сам да се расправа со себе
Но, среќна околност за Роналдо е што стручњаците психолози велат дека не е толку страшно ако човек сам си зборува, туку станува опасно ако почне сам со себе да се кара и расправа.

Кристијано Роналдо не можеше да ја скрие разочараноста по елиминацијата на неговиот Ал-Наср од азиската Лига на шампиони. По завршувањето на полуфиналниот натпревар против јапонскиот Кавасаки, камерите го забележаа португалскиот ас како зборува сам со себе, јасно фрустриран од исходот и сопствената игра.
Најголемата ѕвезда на тимот имаше неколку одлични шанси да го однесе Ал-Наср во финалето, но не успеа да ги искористи. Најдобрата прилика дојде во судиското надополнување, кога Роналдо промаши клучен зицер што можеше да го промени исходот на мечот.
На крајот, јапонскиот претставник Кавасаки славеше со 2-3, оставајќи го саудискиот клуб без шанса за азиска титула оваа сезона. Емоциите беа видливи кај Роналдо, кој, видно потресен, не го криеше незадоволството и се обвинуваше себеси за пропустите.
Но, среќна околност за Роналдо е што стручњаците психолози велат дека не е толку страшно ако човек сам си зборува, туку станува опасно ако почне сам со себе да се кара и расправа.
Линк до видеото: https://www.facebook.com/reel/683719827534603


