РЕКОРДЕН СКОК НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ Приливот зголемен за дури 86 отсто

За период од две години во земјава се слеале 1,381 милијарди евра странски директни инвестиции.

РЕКОРДЕН СКОК НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ Приливот зголемен за дури 86 отсто
Фото: Принтскрин

Во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година, во земјава бил реализиран прилив од 1,381 милијарди евра странски директни инвестиции, што е за 86 отсто повеќе во споредба со периодот од јуни 2017 до мај 2019 година, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).

Според податоците на ДТИРЗ, значително зголемување е регистрирано и кај приливот на странски директни инвестиции по глава на жител. Тој пораснал од 405 евра на 752 евра, што, според Дирекцијата, претставува показател за зголемениот интерес на странските инвеститори за вложување во земјава.

Од ДТИРЗ оценуваат дека податоците го потврдуваат потенцијалот на Северна Македонија како атрактивна инвестициска дестинација и укажуваат на позитивни движења во привлекувањето странски капитал.

„Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој“, наведуваат од ДТИРЗ.

Оттаму додаваат дека привлекувањето квалитетни инвестиции треба да придонесе за отворање нови можности и натамошен економски развој на земјата.

CATEGORIES
Share This