„МАЈКА ХРАБРОСТ И НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА“ ВО МНТ Спектакуларна завршница на јубилејниот МОТ

Од Младинскиот културен центар велат дека оваа безвременска драма преку ликот на Мајка Храброст ја прикажува суровоста на војната и нејзината способност да ги „проголта“ децата.

„МАЈКА ХРАБРОСТ И НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА“ ВО МНТ Спектакуларна завршница на јубилејниот МОТ

Со претставата „Мајка Храброст и нејзините деца“ од Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски, вечерва во 20 часот во МНТ ќе се затвори јубилејното 50. издание на МОТ. Претставата, која режисерот ја постави во Новосадскиот театар, е силна антивоена приказна што резонира со сегашните светски случувања.

Од Младинскиот културен центар велат дека оваа безвременска драма преку ликот на Мајка Храброст ја прикажува суровоста на војната и нејзината способност да ги „проголта“ децата. Пројковски вели дека живееме во време во кое „историјата не нè научила да се промениме“, а претставата е огледало на човештвото кое постојано ја губи суштината.

Во креативниот тим се вклучени и Олга Панго (кореографија), Валентин Светозарев (сценографија), Горан Трајковски (музика) и Стефан Светозарев (дизајн). На сцената настапуваат актерите Емина Елор, Дина Дедовиќ Томиќ и ансамблот на Новосадскиот театар.

CATEGORIES
Share This