РЕГИСТРИРАНИ СЕ 23 ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА – Четири се уште активни

РЕГИСТРИРАНИ СЕ 23 ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА – Четири се уште активни

До 07:00 часот утрово, во Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари, од кои четири сè уште се активни, два се под контрола, а 17 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Според најновите информации, активни пожари има на следниве локации:

  • Во општина Чашка, над селото Богомила, каде што гори мешана шума.
  • Во општина Липково, на потегот помеѓу селата Ваксинце и Слупчане, каде е зафатена нискостеблеста шума.
  • Во општина Студеничани, во близина на селото Дречавица, каде што гори шумска површина во планински предел.
  • Во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде што гори деградирана нискостеблеста шума.

Покрај овие, два пожара се ставени под контрола:

  • Во општина Долнени, кај селото Стровија, зад местото викано Гајдарец – Клепало, каде што горела нискостеблеста шума.
  • Во општина Желино, кај селото Церово, каде што бил зафатен појас со мешана шума.

Надлежните служби продолжуваат со мониторинг и интервенција, а од Центарот за управување со кризи апелираат на зголемена претпазливост и навремено пријавување на нови појави на пожари.

CATEGORIES
Share This