РЕАКЦИЈА НА ЗАЕВ – Не крадев, не лажев, не ја предадов државата – Јас сум чесен и работев само за народот и Македонија

Никому не сум му се одмаздил за настаните од 27 април во Собранието и никогаш не ја злоупотребив политичката позиција.

РЕАКЦИЈА НА ЗАЕВ – Не крадев, не лажев, не ја предадов државата – Јас сум чесен и работев само за народот и Македонија
Фото: Принтскрин

Поранешниот премиер Зоран Заев преку социјалните мрежи ги демантираше наводите за негова поврзаност со заплената на марихуана од неколку фабрики низ државата.

„Јавно барам извинување од пратеникот Бране Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите лаги, клевети и навреди, вклучувајќи ја и намерната злоупотреба на моето име во целата драматизација околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис поради наводно несоодветно чување и складирање.

Апсолутно е лажно дека сум поврзан со овие случаи или дека сум се јавувал во Царинската управа. Безобразно и дрско е повторувањето на овие лаги за мене, кои се шират речиси секојдневно откако се повлеков од политиката, особено во изминатите две години додека тие се на власт. Лажно е, исто така, и дека градиме облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев или дека се мешам во работата на правосудните и други институции, покрај низа други измислици.

„Секојдневно трпам навреди веќе пет години. Никогаш не сум сакал да тужам, се борев за слобода на говорот. Никому не сум му се одмаздил за настаните од 27 април во Собранието и никогаш не ја злоупотребив политичката позиција. Но сега е доста“, истакна Заев.

Најави и можни тужби против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку не се извинат во законски предвидениот рок, ќе поднесам тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се борам со сите правни средства да ја симнам оваа дамка од моето име“, заклучува Заев.

Тој додава и дека сето останато што е кажано за него во изминатите 5 години е целосна лага и без никаков срам, измислици и конструкции му го валкат името.

CATEGORIES
TAGS
Share This