РАСТ НА ДЕПОЗИТИТЕ И КРЕДИТИТЕ – Економијата во нагорна линија
Домаќинствата остануваат главен двигател на растот на депозитната база.

Фото: Принтскрин
Според податоците на Народната банка, на годишно ниво вкупните депозити бележат раст од 9,3%, што е резултат на зголемувањето на депозитите во двата сектора, при што поголем придонес имаат оние на секторот „домаќинства“.
Истовремено, вкупните кредити пораснале за 13,3% на годишна основа, како резултат на засиленото кредитирање во двата сектора, со поизразен придонес од кредитите од корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на официјалниот линк на Народната банка.
CATEGORIES Бизнис
