РАФИНЕРИЈАТА НИС ПРЕД ГАСЕЊЕ– Србија чека одобрение од САД
Рафинеријата моментално работи во намален, „тивок“ режим.

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека рафинеријата на НИС има уште четири дена до целосно запирање на работата поради американските санкции кон руската сопственост во компанијата, доколку ОФАК не одобри лиценца. Рафинеријата моментално работи во намален, „тивок“ режим.
Вучиќ предупреди дека запирањето може да предизвика секундарни санкции за НБС и за комерцијалните банки кои работат со НИС, што би можело да доведе до прекин на платните трансакции и функционирањето на картичките. Тој наведе дека им дал 50 дена на руските сопственици да најдат купувач и дека, ако тоа не се случи, Србија ќе воведе сопствено управување, но нема веднаш да ја национализира компанијата.
Владата уверува дека нема простор за паника и дека во земјата има доволни количини на нафтени деривати.

