РАДОСТ ЗА ВЕРНИЦИТЕ – На 28 септември осветување на храмот „Св. Константин и Елена“ во Скопје

Изградбата на храмот започна во 2012 година, а по 13 години работа, со интензивирани активности во 2024 година, тој е целосно завршен со комплетирано внатрешно и надворешно уредување, како и уреден околен простор.

РАДОСТ ЗА ВЕРНИЦИТЕ – На 28 септември осветување на храмот „Св. Константин и Елена“ во Скопје
Фото: Национал

Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје ќе биде свечено осветен на 28 септември. Чинот на осветувањето ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи на МПЦ-ОА, со почеток во 08:30 часот.

МПЦ-ОА ги повикува сите верници да земат учество во литургијата и да бидат дел од овој значаен духовен настан.

Изградбата на храмот започна во 2012 година, а по 13 години работа, со интензивирани активности во 2024 година, тој е целосно завршен со комплетирано внатрешно и надворешно уредување, како и уреден околен простор.

CATEGORIES
TAGS
Share This