ПУТИН ВО НОВ ПРОБЛЕМ Украина погоди руски стратешки центар на повеќе од 500 километри од границата

Украинскиот претседател тврди дека објектот во Дубна се користел за извидување и координација на руските операции во Украина.

ПУТИН ВО НОВ ПРОБЛЕМ Украина погоди руски стратешки центар на повеќе од 500 километри од границата
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека украинските сили извршиле напад врз рускиот вселенски комуникациски центар во Дубна, Московска област, објект за кој тврди дека се користи за извидување и координација на руските воени активности во Украина.

Зеленски преку објава на платформата X наведе дека центарот се наоѓа на повеќе од 500 километри од украинската граница и дека е еден од неколкуте слични објекти кои, според него, биле таргетирани во Московскиот и Владимирскиот регион.

Украинскиот лидер оцени дека нападите се дел од поширока и долгорочна стратегија чија цел е да се намалат можностите на Русија за спроведување воени операции.

„Постепено го реализираме нашиот долгорочен план и ги ограничуваме можностите на агресорската држава да продолжи со нападите врз Украина и окупацијата на нашите територии. Се подготвуваат дополнителни мерки против други слични непријателски објекти“, изјави Зеленски.

CATEGORIES
TAGS
Share This