НОВИТЕ ПОЕТСКИ ЗВЕЗДИ ДОБИЈА ПРИЗНАНИЕ Ангеловска и Лју Јуе меѓу наградените во Струга
Седум млади поети конкурираа за „Енхалон“, додека 23 автори се натпреваруваа за најдобрата винска песна.

Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон“ за најдобра прочитана песна од млад автор, додека кинеската поетеса Лју Јуе го освои признанието „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65. издание на Струшките вечери на поезијата.
За наградата „Енхалон“ годинава конкурирале седум млади поети со по три песни, а во изборот за најдобра песна посветена на виното, испишана на етикетите на вината на „Тиквеш“, учествувале 23 автори.
Јубилејното издание на Струшките вечери на поезијата заврши со доделување на најзначајните фестивалски признанија. „Златниот венец“ ѝ припадна на холандската поетеса Анеке Брасинга, додека наградата „Браќа Миладиновци“ ја доби македонската поетеса Николина Андова Шопова, кои беа врачени на традиционалното меѓународно поетско читање „Мостови“ на Мостот на поезијата.


