ПСЖ ГИ ЗАКОВА КЛУЧНИТЕ ФИГУРИ Луис Енрике до 2030, четворица играчи до 2031 година
Парижаните со шест нови договори ја обезбедија иднината на клубот и јасно ставија до знаење дека проектот предводен од Луис Енрике продолжува.

Пари Сен Жермен направи важен чекор кон обезбедување на долгорочната иднина на клубот, откако официјално ги продолжи договорите со шест клучни фигури во тимот.
Најважниот договор е оној на тренерот Луис Енрике. Шпанскиот стратег ќе остане на клупата на францускиот шампион до јуни 2030 година, со што клубот јасно ја потврди довербата во него и неговата улога во долгорочниот проект на ПСЖ.
Покрај Енрике, нови договори потпишаа и петмина фудбалери.
Вилијан Пачо и Лукас Бералдо ќе останат во Париз до јуни 2031 година, а истиот рок го имаат и португалскиот играч за врска Жоао Невес и младиот француски талент Сен Молу.
Со тоа, ПСЖ практично ја обезбеди иднината на четворица играчи од составот до 2031 година.
Единствено пократок е новиот договор на Фабијан Руиз. Шпанскиот репрезентативец ќе биде дел од клубот до јуни 2028 година.
Со продолжувањето на договорите, ПСЖ испраќа јасна порака дека продолжува да ја гради својата иднина околу Луис Енрике, но и околу млади и перспективни фудбалери.
Клубот на овој начин обезбедува поголема стабилност во следните сезони и го намалува ризикот од загуба на важни играчи без обештетување, односно како слободни агенти.
СОЛЗИ ВО ЛОНДОН, СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ – ПСЖ ја одбрани титулата по вистински трилер

