ПРОВЕРЕТЕ ВЕДНАШ Овие делови од Скопје денеска остануваат без струја и вода

Граѓаните се предупредуваат навреме да се подготват за прекините.

ПРОВЕРЕТЕ ВЕДНАШ Овие делови од Скопје денеска остануваат без струја и вода
Фото: Принтскрин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има планиран прекин на електричната енергија во делови од Општина Ѓорче Петров.

Без струја, во периодот од 09:30 до 14:30 часот, ќе останат корисниците од улиците Ѓурчин Кокале, Мечкин Камен, Македонска Преродба и Борис Сарафов.

Воедно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје известува дека поради изведба на нов водоводен приклучок од Ф-500/150 на улицата Плачковица во населбата Шуто Оризари, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода ќе бидат корисниците од горниот дел на улицата Индира Ганди во населбата Шуто Оризари, сè до Гробиштата.

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

CATEGORIES
Share This