ПРОСИНЕЧКИ ДОБИ ОТКАЗ ОД КИРГИСТАН Без да води официјален натпревар

Хрватскиот стратег и киргистанската федерација ја прекинаа соработката по само четири пријателски натпревари.

ПРОСИНЕЧКИ ДОБИ ОТКАЗ ОД КИРГИСТАН Без да води официјален натпревар
Фото: Принтскрин

Фудбалската федерација на Киргистан денеска соопшти дека спогодбено е раскината соработката со хрватскиот тренер Роберт Просинечки, кој заминува од селекторската функција без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар.

Просинечки (57) беше назначен за селектор во декември минатата година. Под негово водство Киргистан одигра четири пријателски натпревари, на кои забележа два порази и две нерешени средби.

„Му благодариме на Роберт Просинечки за неговата работа, придонесот во развојот на репрезентацијата и професионалниот однос. Му посакуваме успех и нови достигнувања во понатамошната тренерска кариера“, соопшти Фудбалската федерација на Киргистан.

Во досегашната тренерска кариера, Просинечки беше селектор и на Црна Гора, Азербејџан и Босна и Херцеговина, додека на клупски план ги предводеше Црвена ѕвезда, Кајзериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и Рудеш.

CATEGORIES
Share This