ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И СТУДЕНО Од утре дожд и снег со пораст на температурите

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а температурите ќе останат ниски, особено во утринските часови.
Попладне, во западните делови се очекува појава на слаб локален дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -14 до -6 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од -4 до 6 степени Целзиусови.
Во главниот град времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено, со умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до -11 степени, а дневната ќе достигне околу 3 степени.
Под влијание на циклонска активност, од утре следува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките населени места врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите постепено ќе бидат во пораст во наредните денови.


