ПРОФЕСОРОТ МИЛОШЕВИЌ ЗА ПАНТУРКИЗМОТ Турција тежнее кон еден народ, една држава, еден водач

Пантурцизмот не е ист со неоотоманизмот - тој оди чекор понатаму, инсистирајќи на обединување на „туранската раса“

ПРОФЕСОРОТ МИЛОШЕВИЌ ЗА ПАНТУРКИЗМОТ Турција тежнее кон еден народ, една држава, еден водач
Фото: Национал

Пантурцизмот денес претставува геополитички инструмент на Западот во борбата против Русија, Кина и Иран, но и средство за враќање на турското влијание на Балканот и меѓу словенските народи. Ова беше главната порака на меѓународната конференција „Пантурцизмот денес“, организирана во Институтот за политички студии во Белград, со учество на експерти од 14 земји.

Пантурцизмот денес се разгледува како една од клучните алатки на западната геополитика во борбата против Русија, Кина и Иран, но и како стратегија за проширување на турското влијание кон Балканот и словенските народи. Сличен по својата суштина на нацизмот, тој се профилира како расистичка идеологија, но сепак ужива поддршка од западните земји, предводени од САД и Велика Британија. Овие тези беа изложени од проф. д-р Зоран Милошевиќ на отворањето на меѓународната научна конференција „Пантурцизмот денес“, одржана во Институтот за политички студии во Белград, со учество на експерти од 14 земји.

Милошевиќ нагласи дека Турција настојува да ја претвори формулата „еден народ, еден јазик, еден водач“ во „еден народ, една држава, еден водач“.

Пантурцизмот не е ист со неоотоманизмот – тој оди чекор понатаму, инсистирајќи на обединување на „туранската раса“. Религијата се користи како средство за вклучување на исламски народи кои не се етнички Турци, во замислена „муслиманска суперсила“ со центар во Истанбул.

„Турција не се откажува од претензиите за целосен суверенитет над сите народи што зборуваат турски јазик“ – истакна Милошевиќ.

Историчарот д-р Кирил Шевченко нагласи дека пантурцизмот не е оригинално турска идеја, туку производ на западноевропската и ционистичката политичка мисла од крајот на XIX век.

„За Европа тоа беше средство за распарчување на Русија, а за ционистите пат кон создавање држава во Палестина“ – рече Шевченко.

Експертите потсетија на улогата на Анкара во војната во Нагорно-Карабах, интервенциите во Сирија И плановите за воено-индустриски капацитети во Косово.

Според младата истражувачка Вероника Василиќ, Турција има силно влијание врз исламските заедници на Балканот преку идентитет, политика и култура.

Во XXI век, Турција ја проширува својата „мека моќ“ преку образовни програми, религиозни организации, турски серии и економски инвестиции. Според податоците, турските вложувања во Албанија достигнале 1,7 милијарди евра, а во Србија 400 милиони евра.

Проф. Иванџиков од Русија потсети дека со доаѓањето на власт на Реџеп Таип Ердоган, државниот режим ја идеологизира својата политика врз темелите на пантурцизмот. Создавањето на Организацијата на турски држави (2021) се гледа како конкретен чекор кон градење „Голема Туран“.

CATEGORIES
Share This