ПРОЕТСТИ ВО БУГАРИЈА ПРОТИВ ЕВРОТО Се брани бугарскиот лев
Организаторите ги повикаа граѓаните повторно да излезат на улица на 8 јули - датум кога се очекува да биде донесена конечната одлука за приклучување на Бугарија кон еврозоната од јануари 2026 година.

Фото: Принтскрин
Во неколку бугарски градови, меѓу кои и главниот град Софија, вчера се одржаа протести за зачувување на националната валута – левот.
Демонстрантите изразија несогласување со плановите за воведување на еврото и побараа одржување референдум по ова прашање, како и оставка од Владата.
Протестни собири беа организирани и во Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и Јамбол.
Организаторите ги повикаа граѓаните повторно да излезат на улица на 8 јули – датум кога се очекува да биде донесена конечната одлука за приклучување на Бугарија кон еврозоната од јануари 2026 година.
CATEGORIES Бизнис


