ПРОДОЛЖУВ СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС СО НОВИ ДЕТАЛИ Што откри вештакот за материјалот што бил на плафонот

Градежниот вештак Горан Марковски потврди дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер, чии остатоци не биле пронајдени бидејќи целосно изгорел.

ПРОДОЛЖУВ СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС СО НОВИ ДЕТАЛИ Што откри вештакот за материјалот што бил на плафонот
Фото: Принтскрин

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Предметот се наоѓа во доказна постапка, а со него раководи судијката Дијана Груевска-Илиевска. Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

На претходното рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстените прашања на одбраната. Во фокусот беа материјалите употребени при изградбата и уредувањето на објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на дискотеката.

Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, кој е ангажиран како вешто лице, одговараше на прашањата на адвокатката Ивана Коцевска, бранител на првообвинетиот Дејан Јованов.

Марковски ја потврди констатацијата од вештачењето дека на спуштениот плафон во објектот имало полиуретански сунѓер. Тој објасни дека при увидот не биле пронајдени остатоци од материјалот бидејќи целосно изгорел.

Според вештакот, заклучокот дека сунѓерот бил присутен е донесен врз основа на фотодокументацијата, видео снимките, наодите од останатите вештачења и трагите пронајдени во објектот.

CATEGORIES
Share This