ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ЈАНУШЕВ – СДСМ со тешки обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ жестоко возврати

Возачот на генералниот секретар на Владата е приведен во случај со бележани пари, а политичките партии со целосно спротивставени ставови.

ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ЈАНУШЕВ – СДСМ со тешки обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ жестоко возврати
Фото: Принтскрин

СДСМ обвини дека возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, бил приведен под сомнение дека барал мито, оценувајќи дека случајот отвора прашања за можната улога на Јанушев.

Од опозициската партија велат дека случајот покажува дека, како што наведуваат, „сите земаат мито, дури и возачите на Владата“, а институциите би требало да работат независно и согласно законите и професионалните стандарди.

СДСМ поставува и прашање дали возачот бил само посредник и „продолжена рака“ на Јанушев, како и дали генералниот секретар на Владата имал каква било улога во случајот.

На обвинувањата реагираше ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека СДСМ „ги помешале лончињата“ и дека случајот не може да се користи за политички квалификации против целата Влада.

Од владејачката партија посочуваат дека вработениот, според нивните наводи, се обидел да земе мито, по што МВР веднаш презело мерки, биле дадени бележани пари и лицето било лишено од слобода, а против него се води постапка.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека постапувањето на институциите е доказ дека, како што велат, „има правна држава и дека владее законот за сите“.

Од партијата ја обвинија СДСМ дека со своите реакции врши притисок врз институциите и дека се обидува случајот да го претстави како доказ за криминал во Владата. Воедно, ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат.

CATEGORIES
Share This