ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Подгответе се за авантура со Samsung Galaxy S26 Ultra и Galaxy Buds4 Pro

За да ја продолжите празничната пауза, Galaxy Buds4 Pro нудат целосно персонализирано искуство на слушање.

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Подгответе се за авантура со Samsung Galaxy S26 Ultra и Galaxy Buds4 Pro
Фото: APRA BCG

Со приближувањето на продолжениот викенд, желбата за престој во природа се зголемува, а плановите за бегство од секојдневието веќе добиваат форма. Без разлика дали станува збор за викенд на море, престој во селска куќа со пријателите или релаксација на некоја сончева тераса, пролетните паузи се создадени од спонтани моменти кои треба да се доживеат максимално, но и да се споделат. Со Galaxy S26 Ultra и Galaxy Buds4 Pro, “Samsung” го придружува секој момент од патувањето, од самото поаѓање па сè до враќањето дома.

Поаѓање: Бегството започнува пред да излезете од дома

Без разлика дали сте во воз кој го напушта градот или возите по автопатот, Galaxy Buds4 Pro го претвораат секое патување во посебен момент. Нивниот систем со двојни звучници, со 24-bit/96kHz Hi-Fi аудио го репродуцира секој детаљ со исклучителна боја и длабочина, идеално за повторно откривање на омилената плејлиста или за пуштање подкаст кој го означува почетокот на викендот.

А бидејќи поаѓањата честопати се брзи и динамични, опцијата Super Fast Charging 3.0 на Galaxy S26 Ultra овозможува полнење до 75% од батеријата за само 30 минути, совршено за да тргнете на пат без никакви ограничувања.

Истражување: “Уловете“ ги незаборавните моменти без компромиси

Откако ќе пристигнете на вашата дестинација, темпото се менува. Прошетка покрај море при зајдисонце, возење велосипед по селска патека или талкање низ раздвижена тесна уличка: секој момент заслужува да биде уловен и запаметен.

Без разлика дали станува збор за архитектонски детаљ на некоја впечатлива зграда или за пејзаж од кој застанува здивот, корисниците можат да се потпрат на телефото објективот (50MP) и широкиот сензор (200MP) на Galaxy S26 Ultra за да го “фатат“ секој детаљ со максимална прецизност.

Со режимот Super Steady кој вклучува и хоризонтално заклучување, Galaxy S26 Ultra гарантира мазни и совршено кадрирани видеа, дури и во движење. Тоа е совршената алатка за снимање на спуст со велосипед или импровизирано планинарење, без никакво губење на квалитетот.

Враќање: Спомени што остануваат

На патот кон дома, во пресрет на носталгичните мисли, веќе ги разгледувате вашите фотографии. Со функцијата Photo Assist на Galaxy S26 Ultra, кадрите се подобруваат за неколку секунди. Без разлика дали сакате да ги отстраните минувачите во позадината или да го претворите облачното небо во сино, едноставно кажете му на Galaxy S26 што сакате за да го добиете совршениот кадар.

Што се однесува до видеото, функцијата Audio Eraser ви овозможува да ја отстраните бучавата од позадината за да го задржите само она најважното: звукот на брановите, наглото смеење или атмосферата на локалниот пазар. Содржината потоа може веднаш да се сподели преку Quick Share, кој сега е компатибилен и со AirDrop, правејќи ја размената лесна, без оглед на екосистемот што се користи.

За да ја продолжите празничната пауза, Galaxy Buds4 Pro нудат целосно персонализирано искуство на слушање. Нивните функции Intelligent Noise Cancellation 2.0 и Intelligent Equalizer 2.0 во реално време ја анализираат формата на увото и начинот на кој се носат слушалките за да го оптимизираат звукот. Резултатот е прилагодено аудио искуство, засилено со високо-перформансно, активно поништување на бучавата кое е идеално за нежно исклучување од реалноста и за уште малку уживање во празничните плејлисти.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

CATEGORIES
Share This