ПРИВЕДЕН 31-ГОДИШЕН МАЖ Оомничен дека со нож го усмртил својот татко
Инцидентот следел по семејно насилство.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар. Како што е наведено, 52-годишниот татко, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, која е мајка на осомничениот.
Во обид да ја прекине расправијата, 31-годишниот син на својот татко му нанел повеќе убодни рани со нож. Полициските службеници го привеле осомничениот околу 23 часот.
Повредената жена е пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде ѝ е укажана медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


