ПРЕКИНИ ВО СКОПЈЕ Еве кои делови денеска остануваат без струја и вода
ЕВН и ЈП „Водовод и канализација“ со најавени интервенции на мрежата.

Фото: Принтскрин
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска дел од корисниците во Општина Центар ќе останат без електрична енергија поради планирани работи.
Во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на булевар „Кочо Рацин“ бр. 28/1.
Во меѓувреме, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека поради технички интервенции во хидрофорните постројки Кондово и Медреса, ќе биде прекинато водоснабдувањето во селото Кондово.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до завршување на интервенциите.
CATEGORIES Македонија


