ПРЕКИН НА СТАРЛИНК – Украина остана без клучна врска на боиштето
Сателитската интернет-мрежа Старлинк, во сопственост на Илон Маск, вчера доживеа глобален прекин, при што најтешко погодена беше Украина.

Сателитската интернет-мрежа Старлинк, во сопственост на Илон Маск, вчера доживеа глобален прекин, при што најтешко погодена беше Украина. Таму системот е од клучно значење за одржување на врската во болници, училишта и на фронтот. Украински воени извори потврдија дека комуникацијата е привремено изгубена „долж целото боиште“, но врската постепено се враќа.
Платформата Downdetector регистрираше десетици илјади пријави за проблеми ширум светот. Ова е втор голем дефект на Старлинк во последниве неколку месеци. Компанијата засега не ја соопшти причината за прекинот.
Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Украина доби над 50.000 Старлинк терминали, а околу 30.000 се обезбедени од Полска. Прекинот повторно го отвори прашањето за ранливоста на клучната комуникациска инфраструктура која зависи од одлуки на приватни компании.


