ПРЕДЛОЖЕНО НОВО ИМЕ НА ДКСК – Чучуљ ја заменува Димитровска

Чучуљ има 19 години искуство во ДКСК и е образован правник со положен правосуден испит.

ПРЕДЛОЖЕНО НОВО ИМЕ НА ДКСК – Чучуљ ја заменува Димитровска
Фото: Принтскрин

Генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, е предложен за нов претседател на Комисијата, на местото на Татјана Димитровска. Димитровска поднесе оставка откако против неа беше покренато обвинение за оддавање на службена тајна, а судскиот процес веќе е во тек.

Членовите на Комисијата за избори и именувања едногласно го избраа Чучуљ, кој на конкурсот доби највисоки оценки – 96 од 100 бодови за функцијата претседател на Антикорупциската комисија. Чучуљпо образование е правник со положен правосуден испит и 19 години работно искуство во ДКСК. На интервјуто, тој нагласи дека ја гледа институцијата како „свој дом“.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓи Сајкоски, најави дека предлог-одлуката ќе биде доставена до Собранието, каде пратениците ќе гласаат на пленарна седница за потврдување на новиот претседател.

CATEGORIES
Share This