ПРАТЕНИКОТ СНОПЧЕ ИМАЛ ЦРВЕНИ ЛИНИИ Ако Мицкоски им покажел шут карта ќе си заминеле од владата

Првиот момент кога Мицкоски ќе даде сигнал дека местото на Алијанса за Албанците не е во Владата - ние веднаш ќе излеземе - изјави Снопче, одговарајќи на хипотетичко прашање за можно сценарио во кое премиерот би зазел став дека Алијанса не може истовремено да соработува и со ДУИ и со Владата.

ПРАТЕНИКОТ СНОПЧЕ ИМАЛ ЦРВЕНИ ЛИНИИ Ако Мицкоски им покажел шут карта ќе си заминеле од владата

Пратеникот на еден од деловите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче, вечерва испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски и до јавноста: доколку се покаже дека нивното присуство во Владата не е посакувано, тие веднаш ќе ја напуштат владејачката коалиција.

„Првиот момент кога Мицкоски ќе даде сигнал дека местото на Алијанса за Албанците не е во Владата – ние веднаш ќе излеземе“ – изјави Снопче, одговарајќи на хипотетичко прашање за можно сценарио во кое премиерот би зазел став дека Алијанса не може истовремено да соработува и со ДУИ и со Владата.

Снопче се повика и на претходни изјави во врска со законските иницијативи кои, според него, се неприфатливи за Алијанса.

„Јас во една емисија еднаш реков – ако Законот за бранители се донесе или ако се чепка Законот за јазиците, коалицијата ‘Вреди’ ќе ја напушти Владата. Мицкоски веќе следниот ден реагираше – ‘нека им е среќен патот’. Јас не се пишманев, ја повторив таа моја изјава“ – нагласи Снопче.

Иако не зборува во име на целата коалиција „Вреди“, Снопче уверува дека како пратеник на Алијанса за Албанците има јасен став – постојат „црвени линии“ кои не смеат да се преминат. Доколку тоа се случи, неговата партија нема да остане дел од извршната власт.