ПОЗНАТИОТ ГЛАС ШТО ГО ОБОЖАВА ЦЕЛИОТ БАЛКАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – Ацо Пејовиќ со голем концерт
Еден од најпопуларните регионални изведувачи ќе приреди музички спектакл на 11 јули, со најголемите хитови и врвна сценска продукција.

Еден од најпопуларните регионални музички изведувачи, Ацо Пејовиќ, ќе настапи на 11 јули во Аква Парк Пробиштип, во рамки на летната концертна програма на најголемиот воден комплекс во источниот дел на Македонија.
Концертот е закажан со почеток во 21:00 часот, а публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со неговите најголеми хитови, енергичен настап и врвна сценска продукција. Пејовиќ со години важи за еден од најбараните изведувачи во регионот, а неговите песни се дел од музичката сцена што ги обединува генерациите.
Настапот е дел од низата големи музички настани што ова лето се одржуваат во Аква Парк Пробиштип. Комплексот и оваа сезона продолжува со богата програма со познати домашни и регионални артисти, привлекувајќи посетители од Македонија и соседните земји.
Организаторите најавуваат незаборавна летна вечер со многу музика, позитивна енергија и забава во уникатниот амбиент на Аква Парк Пробиштип, кој веќе се етаблира како место каде се одржуваат едни од најпосетените концерти во земјата.
Влезниците се достапни по цена од 1.200 денари, додека на денот на концертот ќе чинат 1.300 денари. За оние кои сакаат посебно концертно искуство, достапни се и VIP билети по цена од 1.500 денари.
Билетите може да се набават преку kupikarta.com, на билетарата во Аква Парк Пробиштип, како и преку продажната мрежа на КупиКарта низ целата држава.
За дополнителни информации и резервации, посетителите можат да се јават на телефонскиот број 077 754 024.



