ПОЖАР ВО ЛИСИЧЕ Зафатени неколку куќи

Голем пожар избувнал доцна синоќа во скопската населба Лисиче, јавува Инфомакс. Огнената стихија почнала од една барака, по што брзо се проширила и на соседните објекти.
Според неофицијални информации, во пожарот има повредени, при што едно лице се здобило со потешки повреди.
Во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе детали од надлежните институции за причините за пожарот, како и за материјалните штети кои настанале.
CATEGORIES Македонија


