ПОРАКА НА МАКЕДОНСКИ ОД КАНДИДАТКАТА ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН Лана Нусеибе му се заблагодари на Муцунски за поддршката!

Кандидатката на Обединетите Арапски Емирати за генерален секретар на Обединетите нации, Лана Нусеибе, упати благодарност до Македонија и министерот Тимчо Муцунски

ПОРАКА НА МАКЕДОНСКИ ОД КАНДИДАТКАТА ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН Лана Нусеибе му се заблагодари на Муцунски за поддршката!
Фото: Принтскрин

Лана Нусеибе, кандидатката на Обединетите Арапски Емирати за генерален секретар на ОН, јавно се заблагодари за поддршката од македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Во пораката објавена на македонски јазик, Нусеибе ја истакна важноста на дипломатијата како средство за надминување на поделбите и градење меѓусебна доверба.

„Зборовите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за дипломатијата како мост за надминување на поделбите имаат особено значење. Токму тоа е суштината на дипломатијата во нејзиното најдобро издание: да го одржува дијалогот отворен, да гради доверба и да пронаоѓа пат напред дури и тогаш кога постигнувањето договор изгледа тешко. Искрено ѝ благодарам на Македонија за поддршката на мојата кандидатура“, порача Нусеибе.

Претходно, шефот на македонската дипломатија јавно ја поздрави нејзината кандидатура.

„Лана ја олицетворува дипломатијата во нејзиното најдобро издание: промислена, принципиелна и длабоко посветена на градење мостови во свет кој е сè повеќе поделен. Ѝ посакувам многу успех на ова важно патување“, објави Муцунски.

Нусеибе се смета за сериозна кандидатка во трката за прв човек на Обединетите нации, а според неофицијални информации, ужива поддршка и од влијателни држави.

CATEGORIES
Share This