ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕГЛА ВО ДОМ ВО СТРУМИЦА И ОСТАНАЛА БЕЗ ЗБОРОВИ Пиштол и над 200 куршуми, приведен 58-годишник

Претресот открил арсенал оружје и муниција, а полицијата се сомнева дека ги поседувал синот без документација

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕГЛА ВО ДОМ ВО СТРУМИЦА И ОСТАНАЛА БЕЗ ЗБОРОВИ Пиштол и над 200 куршуми, приведен 58-годишник
Фото:м Принтскрин

Полициски службеници од СВР Струмица на 21 август извршиле претрес во дом во Струмица, при што биле пронајдени пиштол, повеќе од 200 парчиња муниција, две рамки за пиштол и воздушна пушка.

Во 06:30 часот бил лишен од слобода 58-годишниот Ѓ.Р. од Струмица. При претресот, извршен со судска наредба, полицијата пронашла пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка.

Според првичните информации, постои основано сомнение дека пронајденото оружје и муницијата ги поседувал неговиот 33-годишен син Д.Р., без соодветна документација.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на настанот, од МВР најавуваат поднесување кривична пријава.

CATEGORIES
Share This