ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВИСТИНСКИ ЛЕТЕН ДЕН Температурите ќе достигнат до 34 степени – еве какво време нè очекува
Сончево време со мала локална облачност, а дневните температури ќе се искачат до 34 степени.

Фото: Национал
Македонија денеска(10 јули) ќе ужива во претежно сончево и топло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од северозападен правец, кој на места ќе донесе пријатно освежување.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 27 и 34 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе биде типично летна и пријатна за активности на отворено.
CATEGORIES Македонија


