ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРЕСВРТ Попладнево дожд и грмежи во делови од земјата
Иако денот ќе започне сончево и топло, попладнево во јужните делови се можни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Фото: Национал
Времето денеска (25.03) ќе биде сончево и топло, проследено со мала до умерена облачност и температура во интервал од 7 до 29 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одредени места повремено ќе засилува. Во попладневните часови, особено во јужните делови од земјата, се очекуваат услови за локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија
