ПОДГОТВЕТЕ ГИ РАДИЈАТОРИТЕ – ЕСМ најавува старт на греењето на 15 октомври

Доколку просечната температура падне на 12˚C или пониско, греењето може да започне и порано, уште од 1 октомври, според податоците на УХМР.

ПОДГОТВЕТЕ ГИ РАДИЈАТОРИТЕ – ЕСМ најавува старт на греењето на 15 октомври
Фото: Национал

Грејната сезона 2025/2026 официјално стартува на 15 октомври за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Доколку просечната температура падне на 12˚C или пониско, греењето може да започне и порано, уште од 1 октомври, според податоците на УХМР.

Информациите за тоа дали има услови за испорака на топлинска енергија секојдневно ќе се објавуваат на веб-страницата на ЕСМ Снабдување, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од компанијата апелираат потрошувачите навремено да ги завршат потребните поправки на своите грејни инсталации и да ги пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, за да се обезбеди непречено снабдување со топлина. Заедниците на сопственици пак треба да овозможат пристап до потстаниците, редовно електрично напојување и платени сметки за струја.

Списокот на затворени објекти без услови за испорака е достапен на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“. За информации и пријава на дефекти, граѓаните може да се јават на телефоните 02 3076 200 и 075 400 100.

CATEGORIES
Share This