ПОЧИНА ВАСИЛ РИНГОВ Легендата на македонскиот фудбал

На 70 години, по кратко боледување, замина еден од најголемите македонски фудбалери

ПОЧИНА ВАСИЛ РИНГОВ Легендата на македонскиот фудбал
Фото: Принтскрин

Македонскиот фудбал денеска е во црно. На 70-годишна возраст, по кратко боледување, почина Васил Рингов, еден од најголемите фудбалски имиња во историјата на Македонија и поранешна Југославија.

Рингов остави најдлабок и најпрепознатлив траг во дресот на ФК Вардар, каде одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 93 голови, впишувајќи се засекогаш во клупската историја.

Во текот на својата богата кариера, настапуваше и за Партизан, Динамо Загреб и германскиот Ајнтрахт Брауншвајг, а на домашната сцена ги бранеше боите на Тетекс и Беласица, каде ја започна својата фудбалска приказна. Роден во Струмица, Рингов уште како тинејџер ги покажа своите вонсериски квалитети во матичната Беласица

Роден во Струмица, Рингов уште како тинејџер ги покажа своите вонсериски квалитети во матичната Беласица. Неговиот талент го однесе во белградскиот гигант Партизан, а потоа ја доживеа вистинската афирмација во Тетекс, каде стана прва ѕвезда на тимот и го привлече вниманието на големите клубови.

Со заминувањето на Васил Рингов, македонскиот фудбал изгуби голем играч, репрезентативец и спортска легенда, чиј придонес и име ќе останат трајно запишани во спортската историја.

Искрено сочувство до семејството, пријателите и целата фудбалска јавност. Македонскиот фудбал изгуби вистински ас – човек чија кариера и посветеност се пример за сите идни генерации.

Слава му!

CATEGORIES
Share This