ПОЧИНА ТОШЕ ПОП СИМОНОВ Долгогодишен музички автор и продуцент

Поп Симонов во својата плодна кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои: Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, Ена Веко, „Фрајле“ и Алка Вуица.

ПОЧИНА ТОШЕ ПОП СИМОНОВ Долгогодишен музички автор и продуцент

Денеска почина познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов.

Вестта за смртта на на социјалните мрежи ја сподели неговиот колега, продуцентот и автор Валентино Скендеровски.

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години. ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.

Поп Симонов во својата плодна кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои: Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, Ена Веко, „Фрајле“ и Алка Вуица.

Неговите пријатели се простуваат од него со зборовите:

„Човек кој допре, заигра и стопли милиони срца, денеска неговото не издржа. Тоше Поп Симонов ќе живее вечно преку своето дело и поменот кој го остави кај сите кои го познаваа. Нека му е вечна слава“!

Погребот ќе се одржи во вторник на 22.04.2025 на градските гробишта во Бутел.

CATEGORIES
Share This