ПОЧИНА ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ – Легендарниот ракометен стратег кој го изгради македонскиот Вардар
Тој остави длабок траг во спортот како творец на златната ера на Вардар и како селектор кој ја врати Македонија на Светското првенство во 2009 година.

На 72-годишна возраст почина Илија Темелковски, еден од највлијателните македонски ракометни тренери и поранешен селектор на репрезентацијата.
Тој остави длабок траг во спортот како творец на златната ера на Вардар и како селектор кој ја врати Македонија на Светското првенство во 2009 година.
Темелковски важеше за визионер и страстен професионалец кој го посвети целиот свој живот на ракометот. Вечна слава на легендата на македонскиот спорт.
CATEGORIES Ракомет


