ПО ПАДОТ НА БАШАР АЛ-АСАД СИРИЈЦИТЕ НЕМААТ ОСНОВ ЗА АЗИЛ Германија ќе започне со репатријација на Сиријците

Прашањето за Сиријците стана важно политичко прашање пред покраинските избори во 2026 година во Германија.

ПО ПАДОТ НА БАШАР АЛ-АСАД СИРИЈЦИТЕ НЕМААТ ОСНОВ ЗА АЗИЛ Германија ќе започне со репатријација на Сиријците

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека по падот на режимот на Башар ал-Асад повеќе нема основ за азил во Германија и најави почеток на репатријација на Сиријците, додавајќи дека оние кои одбиваат доброволно враќање може да бидат депортирани.

Неговиот став се разликува од оној на министерот за надворешни работи Јохан Вадепфул, кој смета дека Сирија и понатаму е разурната и нестабилна земја, непогодна за безбедно враќање.

Прашањето за Сиријците стана важно политичко прашање пред покраинските избори во 2026 година, додека во Германија моментално живеат околу 1,3 милиони Сиријци, од кои повеќе од 7.000 работат како лекари. Во првата половина на 2025 година, само околу 1.000 лица се вратиле во Сирија преку програмата за доброволно враќање.

CATEGORIES
Share This