ПОЈАВА НА ШУГА КАЈ ДВАЈЦА НОВОПРИМЕНИ ВОЈНИЦИ – Армијата реагираше веднаш

Заболените војници се изолирани и упатени на домашно лекување, спроведен е епидемиолошки надзор

ПОЈАВА НА ШУГА КАЈ ДВАЈЦА НОВОПРИМЕНИ ВОЈНИЦИ – Армијата реагираше веднаш
Фото: Принтскрин

Кај двајца професионални војници кои неодамна стапија во служба во Армијата на Република Северна Македонија е регистриран случај на шуга.

Од Армијата информираат дека по утврдувањето на дијагнозата, војниците веднаш биле изолирани и упатени на домашно лекување, во согласност со важечките здравствени протоколи. Истовремено, биле преземени сите неопходни превентивни мерки за да се спречи евентуално ширење на болеста.

„Спроведен е и епидемиолошки надзор од страна на стручни лица од Воено-медицинскиот центар, при што се постапува согласно нивните препораки и насоки. Пред приемот на професионалните војници и почетокот на обуката, обезбедени се сите предуслови за соодветно сместување, престој, живот и работа во единицата.

Инаку, на свечена церемонија одржана на 29 декември, Армијата официјално прими 150 нови професионални војници во своите редови.

CATEGORIES
TAGS
Share This