ПИКСИ ОТКРИ ШТО БАРА ЗА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ЈУЖНА КОРЕЈА Не сакам да бидам в.д.
Стојковиќ потврди дека е заинтересиран за селекторската функција, но постави јасен услов – сака долгорочен договор, а не привремен ангажман.

Поранешната фудбалска ѕвезда и актуелен тренер Драган Стојковиќ Пикси е сериозен кандидат за нов селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја.
Стојковиќ лично ја потврдил заинтересираноста за селекторската позиција во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, но поставил и јасен услов – сака долгорочен договор.
„Вистина е дека сум заинтересиран да ја преземам репрезентацијата на Јужна Кореја, но тоа ме интересира само ако добијам долгорочен ангажман, а не да бидам в.д. селектор“, изјавил Стојковиќ.
Пикси би можел да го наследи Хонг Мјунг Бо на клупата на јужнокорејската репрезентација. Хонг замина по неуспехот на неодамна завршеното Светско првенство, по што азискиот гигант започна потрага по ново тренерско решение.
Доколку биде постигнат договор, Стојковиќ би добил нов предизвик во кариерата и можност да ја предводи Јужна Кореја во нов циклус.

