ПЕКОЛ НА БЛИСКИОТ ИСТОК – Трамп со жестока закана за бомбардирања ако нема договор

Американскиот претседател најави можни бомбардирања доколку не се постигне договор со Иран до среда.

ПЕКОЛ НА БЛИСКИОТ ИСТОК – Трамп со жестока закана за бомбардирања ако нема договор
Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи доколку до среда вечер не се постигне договор за продолжување на прекинот на огнот, нагласувајќи дека „нема намера“ да го продолжи примирјето.

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека е многу веројатно продолжување на воените дејствија доколку преговорите не успеат.

„Очекувам дека ќе бомбардираме, бидејќи мислам дека тоа е подобар пристап“ – изјави Трамп.

Тој додава дека американската војска е „подготвена да дејствува“ и се наоѓа во состојба на висока готовност.

Тој нагласи дека не сака ескалација, но предупреди дека времето за договор е ограничено.

„Не сакам да го правам тоа. Немаме многу време, тие мора да преговараат“ – рече Трамп.

Американскиот претседател повторно упати критики кон иранските власти, обвинувајќи ги за суров однос кон демонстрантите и тврдејќи дека десетици илјади невооружени луѓе настрадале за време на протестите.

Тој предупреди дека САД ќе преземат „многу силни мерки“ доколку продолжат репресиите врз демонстрантите.

Зборувајќи за можни цели како мостови и енергетска инфраструктура, Трамп рече дека таквите напади би имале значаен воен ефект, бидејќи тие објекти, според него, се користат за транспорт на оружје.

Не е мој избор, но тоа би имало воено влијание“ – рече тој, додавајќи дека и двете страни веќе ги обновиле испораките за време на примирјето.

Трамп оцени дека Иран има интерес да постигне договор со САД, но го опиша иранското раководство како „тврдокорно“ и „безмилосно“.

„Ако постигнат договор, повторно можат да станат силна и успешна земја“ – изјави тој.

Тој исто така смета дека јавните критики кон воената политика со Иран им штетат на преговорите, посочувајќи дел од американските политички противници.

Според најавите, американската делегација се очекува да отпатува за Пакистан пред можна нова рунда преговори со Иран.

CATEGORIES
TAGS
Share This